Цепењето дрва веќе нема да е проблем – секира која не може да ве повреди (видео)

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Леваракс“ на пазарот ја пуштила својата нова секира за која тврдат дека е неколку пати подобра и побезбедна за разлика од класичните секири.

Цепењето секогаш било проблем, како поради физичката силна која се бара, така и поради безбедноста. Сепак, еден од овие проблеми сега е решен.

Безбедноста повеќе нема да е прашање, бидејќи од компанијата тврдат дека нивната нова секира не може да го повреди оној кој со неа се служи.

Секирата има чудна форма поради безбедноста, а кога ќе го удри дрвото горниот дел од секирата се закачува за дрвото и истата веќе не може да ве повреди.

Исто така, остицата не е класична, бидејќи е благо накривена, што дава гаранција дека при ударот дрвото само ќе се распарча.

Секирата е многу лесна иако делот кој го сече е направен од челик.