Централното раководство на ГРОМ во посета на општинската организација (фото)

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во посета на општинската организација на ГРОМ во Куманово беше дел од централното раководоство на партијата.

Во просториите на општинската организација на ГРОМ Куманово беше одржан работен состанок на кој присуствуваа потпретседателите на ГРОМ Горан Анчески и Зоран Попавски и раководителот на правниот сектор на општинскиот изборен штаб, Горан Михајлов.

Тема на состанокот беше актуелната политичка ситуација во Република Македонија и Куманово и идните активности на ГРОМ, известуваат денес од Општинската организација на ГРОМ.