Централните банки се обединија: Ги испитуваат ефектите од криптовалутите

Сподели со своите пријатели

Најголемите централни банки во светот се здружија за да истражат дали треба да се издадат криптовалути.

Loading...

Причината за ова е што употребата на готовина опаѓа и затоа што сè повеќе луѓе се свртуваат кон електронските форми на плаќање.

Студиската група ја сочинуваат Европската централна банка, Банката на Јапонија, Банката на Канада, Банката на Англија, Шведската Риксбанк и Швајцарската национална банка.

Тие најавија дека ќе го проценат потенцијалот за воведување дигитални валути во нивните матични земји, пренесува АП.

Шведската централна банка ја проучува оваа работа веќе неколку години и нарачува пилот-проект бидејќи употребата на готовина во таа земја опаѓа. Досега, таа не донесе никаква одлука.

Постојните дигитални валути како биткоин не се погодни за плаќање затоа што нивната вредност нагло се менува.

Фејсбук започна проект „Либра“ на таканаречениот „стејблкоин“ – ценовно стабилна дигитална валута, врзана за реалните постојни валути.

Неколку големи партнери, како што се Visa, Mastercard, PayPal и eBay, го напуштија здружението поставено да ја следи „Либра“ бидејќи се соочија со притисок од регулаторните органи, додава АП.

Loading...

Leave a Reply