Центарот за култура го најави отворањето на фестивалот ”Денови на комедија”

Сподели со своите пријатели

Од први до 18 – ти октомври, Куманово повторно ќе биде домаќин на традиционалниот меѓународен театарски фестивал ”Денови на комедијa” што во текот на октомври ќе се одржи во големата сала на НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев”, соопштија организаторите.

Loading...

Иако на официјалната веб страна сè уште не се објавени претставите кои ќе бидат достапни за кумановската публика, од центарот најавуваат дела кои добро ќе ја насмејат публиката.

Одржувањето на фестивалот на сатирата и хуморот е финансиски подржан од Министерството за култура.