Цените на нафтените деривати повторно поевтинуваат

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за повторно поевтинување на нафтените деривати.

Loading...

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе останат  непроменети, додека цената на нафтата се намалува за 2 денари по литар.

Така со новата одлука цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 62,50 денари за литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 малопродажната цена изнесува 64,50 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 денари за литар и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 46,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 денари за литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.