Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред

Сподели со своите пријатели

НА глобалните пазари, цените на нафтата пораснаа втора недела по ред, бидејќи трговците очекуваат зголемување на кинеската побарувачка, додека загриженоста за рецесија во западните економии замина на втор план.

Loading...

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 2,8 отсто, на 87,63 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,8 отсто, на 81,30 долари.

Порастот на цените втора недела по ред најмногу се должи на очекувањата дека по укинувањето на строгите мерки за ковид, растот на кинеската економија ќе забрза.

А тоа ќе ја поттикне побарувачката на нафта, имајќи предвид дека Кина е најголемиот увозник на „црното злато“ во светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Се предвидува рекордна глобална побарувачка

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) прогнозира дека, благодарение на Кина, глобалната побарувачка за нафта оваа година ќе достигне рекордни 101,7 милиони барели дневно, а Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) очекува кинеско закрепнување.

„Многу трговци веруваат дека ќе бидеме сведоци на посилна побарувачка од Кина бидејќи таа ги укинува мерките за коронавирусот од ден на ден“, рече Наем Аслам од Avatrade.

Цените на нафтата се поддржани од надежта дека американската централна банка нема да ги зголеми каматните стапки на толку високи нивоа како што очекуваат челниците на ФЕД.

Имено, повеќето челници на ФЕД деновиве велат дека ќе треба да се зголемат клучните каматни стапки над нивото од 5 проценти за да се потисне инфлацијата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Но, трговците на пазарот на пари проценуваат дека конечната каматна стапка, со која ФЕД би го запрел циклусот на зголемувања, би можела да изнесува 4,89 отсто.

Покрај тоа, трговците се надеваат дека американската економија ќе избегне рецесија.

„Се зголемуваат шансите американската економија само малку да забави“, изјави минатата недела потпретседателот на ФЕД, Лаел Брејнард.

Поддршка на цените обезбедува и падот на вредноста на доларот во однос на кошницата со валути.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, падна за 1,4 отсто од почетокот на годината, на најниско ниво од јуни минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

А тоа ја поддржува побарувачката бидејќи слабеењето на доларот ја зајакнува куповната моќ на оние кои купуваат нафта во други валути.