Цените на нафтата на најниско ниво во последните три недели

Сподели со своите пријатели

На светските берзи цените на нафтата паднаа на најниските вредности во последните три недели бидејќи централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки, па економскиот раст забавува, што може да ја ослаби побарувачката за нафта, пренесува Хина.

Loading...

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 7,8 отсто – на 79,94 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 7,9 отсто – на 73,39 долари.

Падот на цените втора недела по ред главно се должи на загриженоста на трговците за забавување на растот на западните економии, имајќи предвид дека централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки за да ја потиснат инфлацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Американската ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за дополнителни 0,25 процентни поени, на највисоко ниво од 2007 година, додека британските и европските централни банки ја зголемија цената на парите за по 0,50 процентни поени.

Бидејќи централните банки со месеци ги зголемуваат каматните стапки, економскиот раст забавува.

Избегнаа рецесија

Досега и американската и економијата на еврозоната избегнуваа рецесија, но ФЕД и ЕЦБ најавија дополнително зголемување на каматните стапки бидејќи е јасно дека побарувачката треба да се ослаби за да се намалат инфлаторните притисоци.

И тоа не е лесно, како што укажува извештајот за вработување во САД. Во јануари бројот на вработени се зголемил за 517.000, додека аналитичарите очекувале само околу 187.000. Стапката на невработеност падна на 3,4 отсто, додека се очекуваше да порасне на 3,6 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија: Наместо за бебиња, фабрика се префрла на производство на пелени за возрасни

Овие податоци покажуваат дека инфлацијата може да остане покачена некое време, што значи дека ФЕД или ќе ги зголеми каматните стапки на повисоки вредности отколку што се мислеше или ќе ги задржи на покачено ниво подолго од очекуваното.

Loading...

Санкции за руската нафта

Трговците исто така се неизвесни за дополнителни санкции за руската нафта. Во неделата стапи на сила европската забрана за увоз на рафинирани нафтени деривати од Русија, како дизел и бензин, со одредени исклучоци.

Ембаргото беше договорено уште во јуни како дел од шестиот пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина, а следува по забраната за увоз на руска сурова нафта по морски пат, која е во сила од декември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија: Наместо за бебиња, фабрика се префрла на производство на пелени за возрасни

На 3 февруари, членките на ЕУ, заедно со партнерите од групата Г7, се договорија за ограничување на цената на руските нафтени деривати. Цените на поскапите нафтени деривати, како што се дизелот, бензинот и авионското гориво, сега се ограничени на 100 долари, а поевтините, како што е мазутот, на 45 долари за барел.