Цените на горивата повторно поскапуваат од ноќеска на полноќ

Сподели со своите пријатели

Од ноќеска на полноќ, дизелот поскапува за еден денар по литар, а цената на „еуросупер БС-98“се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ останува 66,5 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 68,5, а „еуродизел“ за  59,5 денари.

Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,81 отсто повисоката просечна цена на сурoвата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,54 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Извор: МЕТА

Loading...