Рекорден број новозаразени на дневно ниво во Германија
Германија соопшти за рекорден број нови случаи на заразени со новиот коронавурус – 6.638 за изминатите 24 часа. Така, вкупниот број на заразени лица во земјата од почетокот на пандемијата достигна 341.223 лица, според податоците на институтот Роберт Кох. Претходниот дневен рекорд на Германија беше 6.294 новоинфицирани на 28 март.Прочитај повеќе










