Цариниците открија обид за царинска измама на фирма од Куманово

Сподели со своите пријатели

Минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, облека и обувки, репроматеријали, техничка стока и алат, цигари и фалсификати. Откриена е и една царинска измама.

Loading...

На граничниот премин Табановце, откриени се 98 употребувани и нови алати (употребувани хилти и леткуми и нови комплет нарезници,  дупчалка и клешти) и микроскоп марка Bresser optic, при контрола на германски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на гранилниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи се пронајдени во патнички куфери сместени во багажникот на возилото.

Regulatori za parno, Tabanovce

Откриени се и 15 регулатори за парно греење, марка LIGO T30NC230, при контрола на српски автобус пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените регулатори се пронајдени во багажот на македонски државјанин, патник во автобусот.

На царинската испостава Куманово  откриен е и обид за избегнување на плаќање увозни давачки со погрешно распоредување на стока според царинската тарифа.

Увозник од Куманово пријавил за увозно царинење гранитни плочи декларирани во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 15% и стапка за ДДВ од 18%. По извршениот детален преглед на стоката  и документите, констатирано е дека истата треба да биде распоредена во друга тарифна ознака со пропишани стапка за царински двачки од 20% и стапка за ДДВ од 18%.

Loading...

Врз основа на новоутврдената тарифна ознака, пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од околу 38 илјади денари и изготвен е записник за царински прекршок против увозникот.

Leave a Reply