Цариниците на Табановце запленија цигари и градежни материјали (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани  семки од cannabis, куршум за автоматска пушка, боја, зацврстувач за боја, лепак, употребувана машина за гравирање, делови за огради, метални стеги, пестициди, облека, обувки, мобилни телефони, дрон, девизи, цигари и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вкупно 33 штеки цигари RODEO и BOSS со македонски акцизни маркички биле откриени при контрола на македонски автобус, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Цигарите биле пронајдени во багажниот простор, во патни торби сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот. Истите се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

gradezni materijali

Loading...

18 грејни радијатори, 100 килограми лепила, 10 килограми разредувач, 1 употребувана машина за гравирање, 6 килограми букви за гравирање, 115 килограми непечатена фолија и 60 килограми поликолор, биле откриени при контрола на стока со потекло од Франција наменета за фирма од Крива Паланка, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Куманово. Непријавените производи се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поведена соодветна постапка.