Цариниците на Табановце спречија обид за шверц на расветни тела (фото)

Сподели со своите пријатели

Едно расветно тело за дискотека – лајтшоу марка ,,F.A.L. PF 4030 Galactika, е откриено од страна на мобилните царински тимови, при контрола на швајцарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавената стока, пронајдена над задните седиште, покриена со торби и куфери, е привремено задржана, а против возачот е поденесено барање за поведување прекршочна постапка.

Delovi za grad.masina,mobilna

Loading...

Мобилната царина откри и едно вратило и еден запчаник за багер HITACHI, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените делови, пронајдени во картонска кутија сместена под задните седишта на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Tutun,Tabanovce

На граничниот премин Табановце автопат се откриени и 90 килограми режан тутун при контрола на српски камион, управуван од српски државјанин, пријавен за излез од државата

Непријавениот тутун е пронајден во повеќе најлонски кеси, сместени на помошниот кревет и во фабрички прегради во кабината на возилото. Тутунот е привремено задржан а против возачот е поведена соодветна постапка.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.