Цариниците на Табановце спречија изнесување на вреден артефакт од османлиско време

Сподели со своите пријатели

Една мермерена плоча (археолошки предмет) испишана со арапски букви, е откриена на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на автобус со македонски регистарски таблички, кој сообраќал на редовната линија Охрид-Белград, пријавен за излез од државата, јавува Царинска Управа во неделниот извештај за заплени.

Loading...

Мермерната плоча е пронајдена во ќесе сместено во пластична торба, сопственост на руски државјанин, патник во автобусот.

Пронајдената плоча е  предадена на Национална установа Археолошки музеј на Македонија заради вештачење, од каде е издадено стручно мислење според кое мермерната плоча преставува „дел од надгробен споменик, кој според наведените карактеристики може да датира од втората епоха од османлиската епиграфија, поточно од 16 до 18 век“, со што преставува споменик на културата.

Против сторителот е поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Изнесување односно извезување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, а судија на претходна постапка му изрече мерка безбедност одземање на патна исправа.

6

Еден гасен пиштол со рамка без муниција марка EKOL Mod 9 со калибар 9 mm, истотака е откриен од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце. Непријавениот пиштол бил сокриен во делот од багажниот простор на возилото наменет за резервното  тркало.

7

Цариниците открија и еден нов телевизор марка Samsung, откриен од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко моторно возило со швајцарски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце.

Loading...

Непријавениот телевизор е пронајден во багажниот простор на возилото.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.