Цариниците на ГП „Табановце“ запленија цигари, домашна ракија и 4.400 евра (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, домашна ракија, автоделови, пластичен кујнски прибор, разни производи и фалсификати.

Loading...

На Граничниот премин „Табановце“ цариниците заплениле 4.400 евра, кои биле октриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи српски автомобил, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во рачна торба на возачот се пронајдени 6.400 евра, за кои не поседувал документ за потекло.

Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата. Непријавените девизи се привремено задржани, а против прекршителот е поведена соодветна постапка.

pari

Во раците на цариниците на Табановце паднале и 20 штеки цигари LD RED со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Цигарите се пронајдени во картонска кутија, сместена на креветот во кабината на возилото. Против прекршителот ќе биде поведена соодветна постапка.

cigari

Запленета е и домашна ракија во количина од 21 литар, која била откриена од страна на царинските службеници од царинарница Куманово при контрола на магацинскиот простор на правно лице од Крива Паланка.

Пронајдената домашна ракија била без акцизни маркички и без сертификат за квалитет, со чија продажба се доведува во опасност здравјето на граѓаните и е избегната наплата на акцизни и други давачки. Против прекршителот Царинската управа ќе поведе соодветна постапка.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.