Цариниците на ГП „Табановце“ спречиле шверц на оружје, пари и енергетски пијалоци (фото)

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, царинските инспектори од Одделението за истрага при контронла на магацин со складирана стока во сопственост на правно лице од Куманово октриле 576 лименки од 250ml (144 литри) енергетски напиток Red Bull.

Loading...

На лименките од енергетскиот напиток немало декларација за составот на производот на македонски јазик, а составот на производот на дел од лименките бил напишан на унгарски, а на останатиот дел на српски јазик. На најлонската обвивка на пакетите на напитокот биле залепени етикети со ознаки RS и HU, што укажа дека стоката била наменета за пазарот во Република Србија и Република Унгарија. Сопственикот на правното лице во моментот на контрола не презентирал никакви документи од кои би се утврдило потеклото на стоката, односно дека за истата е спроведена царинска постапка и се платени увозните давачки.

Поради постоење на основано сомнение дека станува збор за криумчарена стока, стоката е привремено одземена, а против правното лице Царинската управа на Република Македонија ќе поднесе прекршочна пријава.

ngfngf

Денес, десетина минути по полноќ, на граничниот премин Табановце, за излез од државата се пријавил германски државјанин, управувајќи германски автомобил. При контрола на возилото, во рачна ташна сместена на совозачкото седиште, била пронајдена хартиена кеса со 50.000 евра за кои возачот не поседувал документи за потекло, ниту потврда за пријавени девизи при влез во државата. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од Република Македонија, а остатокот е привремено задржан и против прекршителот е поведена прекршочна постапка.

unnamed

Царинската управа има запленето и еден гасен пиштол марка EKOL mod.2005 Aras Magnum и 5 парчиња муниција со калибар 9 mm, од кои 3 марка PG, 1 марка Pobjeda и 1 марка GOP, откриени при контрола на српски камион, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавениот пиштол и муницијата се пронајдени во кабината на возилото, под душекот на долниот кревет. Оружјето и муницијата се привремено одземени, а против прекршителот е поведена соодветна постапка.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.