Бункери за крумчарење откриени во возило на Табановце

Сподели со своите пријатели

Царинските тимови на Граничниот премин Табановце изминатата недела при контрола на патничко возило марка Volkswagen Touran со германски регистарски ознаки, откриле два празни бункери, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Возилото, управувано од словенечки државјанин, се пријавило за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. При извршената контрола, под тапацирите под предните седишта на возилото биле пронајдени два специјално конструирани бункери наменети за криумчарење стока.

Возилото било привремено задржано а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Leave a Reply