Бугарскиот претседател во официјална посета на Македонија

Сподели со своите пријатели

Бугарскиот претседател Румен Радев од утре престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Радев во земјава пристигнува на покана на шефот на македонската држава Ѓорге Иванов.

Тој утре ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред Кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата државници ќе имаат тет-а-тет средба.

Радев и Иванов задутре ќе имаат средба со претставници на стопанските комори на двете земји. / МИА

Leave a Reply