Брзата интервенција на пожарникарите спречи пожар на улица Моша Пијаде

Сподели со своите пријатели

Територијалната противпожарна екипа на Куманово во текот на изминатиот ден бележи неколку интервенции, јавува РЦУК во дневниот извештај за последните 24 часа.

Loading...

Пожарникарите интервенираа кај локалитетот Багрем бања во нас. Банево Трло на опожарена сува трева и смет, како и во атарот на с. Ропаљце, с. Черкези и с. Романовце каде тројца пожарникари гаснеа опожарено стрниште и сува трева.

Истиот ден, пожарникарите интервенирале и на на ул. Моша Пијаде каде од опожарен смет бил зафатен и еден електричен столб. Брзата интервенција на пожарникарите спречи ширење на пожарот и во околните куќи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.