Брутален руски напад од рано утро: Нападнати речиси сите градови во Украина, густ црн чад над Киев (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Русија рано утринава погоди неколку украински региони, вклучително и главниот град Киев, црноморското пристаниште Одеса и вториот по големина град Харков, предизвикувајќи прекин на електричната енергија, соопштија регионалните власти.

Loading...

Нападот е извршен врз повеќе цели во градовите кои се протегаат од Житомир, Виница и Ривне на запад до Днепар и Полтава во централна Украина, пренесува Ројтерс.

„Утринава Русија ѝ зададе нов силен удар на енергетската инфраструктура на Украина, таргетирајќи ги енергетските капацитети во седум региони – Киев, Миколаев, Харков, Запорожје, Одеса, Днепропетровск и Житомир“, рече украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко во објавата на Телеграм.

Тој додаде дека Русите го ставаат светот на работ на нуклеарна катастрофа, имајќи предвид дека поради гранатирање е оштетена последната линија за снабдување со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје, а станицата моментално работи на дизел генератори, пренесува Интерфакс Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Експлозии во Киев, 40 отсто од градот без греење

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави дека во југозападниот дел на градот се регистрирани експлозии и дека спасувачките служби се на терен.

Кличко рече дека снабдувањето со електрична енергија е прекинато како мерка на претпазливост за околу 15 отсто од жителите на Киев.

„По нападот, поради затемнувањето, 40 отсто од корисниците во главниот град во моментов се без греење. Состојбата со водата е нормална“, рече тој.

Нова серија експлозии се слушнале во Киев околу 7 часот по локално време, јавува британската агенција.

Loading...

Нема струја во Одеса

Гувернерот на областа Одеса Максим Марченко изјави дека цел на масовниот ракетен напад бил енергетски објект во Одеса и дека дошло до прекин на електричната енергија.

Марченко изјави дека противвоздушните единици собориле неколку проектили и дека се очекуваат нови напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

„За среќа нема повредени. Во сила се рестрикциите за електрична енергија“, рече Марченко.

 

 

Во Харков има повредени лица

Гувернерот на Харковската област Олех Синехубов рече дека градот и регионот биле погодени од околу 15 напади и целта била инфраструктурата.

Според украинските медиуми, две лица се повредени во ракетен напад во Харков од проектил кој паднал во близина на нивниот дом.

Loading...

Цел на нападите биле и Днепар во централна Украина и западните градови Луцк и Ривне, кои се далеку од првите линии на фронтот, наведува Ројтерс.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Сирените се вклучија среде ноќ

Во текот на ноќта во неколку области на Украина се огласија итни сирени, по што почнаа да пристигнуваат извештаи за напади со беспилотни летала камикази и крстаречки ракети.

Новинарите во Киев објавија дека слушнале експлозии во шест часот наутро.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.