Бројот на загинати во уништената зграда во Динпро се искачи на 40

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во деветкатна станбена зграда што беше ракетирана од руските сили за време на големиот напад во саботата врз цели во Украина се искачи на 40, објавија украински извори.

Loading...

Спасувачите сѐ уште трагаат по преживеани под урнатините иако поминаа цели два дена од смртоносниот ракетен напад.

Во нападот се ранети 75 лица, меѓу кои 14 деца.

Досега се спасени 39 лица, а не се знае судбината на 35 лица за кои постои сомневање дека се уште се затрупани под урнатините.

Кремљ ја обвини Украина за нападот

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека руските сили не целеле станбени згради во неодамнешниот масовен ракетен напад врз украински цели.

„Ситуацијата во Днипро е резултат на активностите на украинската противвоздушна одбрана“, изјави денеска Песков без да обезбеди докази за своите тврдења.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.