Бројот на регистрирани бегалци е три пати намален за последното деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во последното деноноќие, во прифатниот центар Гевгелија,   издадени се потврди на вкупно 1.814 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Авганистан–839, Сирија-767,  Ирак-208, додека другите се во помал број.

Loading...
Во периодот од 19 јуни до 23 ноември, издадени се потврси на 278.120 странски државјани, меѓу кои најбројни се државјаните на Сирија-168.472, потоа Авганистан-63.848, Ирак-24.367, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514,  Либан-434,  Алжир-453, Нигерија-277, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 23.11.2015 до Одделението  за азил   поднесенo e едно барање  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил од државјани на Сирија  со нив се и  две  деца кои го придружуваат родителот.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.