Бројните здравствени придобивки од рицинусот

Сподели со своите пријатели

Рицинусот се добива од растение, слично на грав, преку притискање на зрелите семиња.

Тоа се користи со векови поради богатата палета на придобивки за здравјето, косата и кожата. За да ја направите косата и кожата поубава, погледнете како рицинусот ќе ви помогне!

Кожа

Рицинусот е силно хидратантно средство. Тој помага при различни кожни проблеми – сува кожа, изгореници, стрии, акни. Ова благодатно масло е ефикасно, дури и при микоза и бактериски инфекции.

Чистењето со рицинус помага на многу начини. Започнете со нанесување врз исчистена кожа. Применете во погодената област и оставете да делува за околу еден час. Постапката може да се повтори по два пати на ден за оптимални резултати.

3 работи кои ви ја освежуваат кожата

Loading...

Ги спречува брчките и фините линии

Ова масло продира длабоко во кожата и помага за стимулирање на производството на еластин и колаген. Рицинусот е многу моќен овлажнител, што ја прави кожата флексибилна и густа. Така брчките и фините линии се појавуваат многу тешко.

Третман на акни

Во рицинусот се содржи рицинусова киселина која ефикасно ги пребродуваа бактериите кои предизвикуваат акни и воспаленија на кожата.

Таа помага за чистење на акни без да се впива во кожата, како што го прават многу антиакнетични препарати.

Против лузни

Наместо да купувате скапи мелеми и препарати против лузни, намачкајте се со рицинус. Тој ја прави кожата заситена со корисни масни киселини и на тој начин се обновува балансот на хидратацијата на кожата, елиминирани се сувите дамки и кожата буквално сјае.

Стриите бледнеат

Стриите се проблем кој повеќето жени го имаат. Рицинусот помага за бледнеење на веќе постоечките стрии, а и за спречување на евентуалната појава на нови во текот на бременоста или при дебелеење.

3 природни метода против стрии

Коса

Рицинус помага косата да расте силна и здрава. За ова големо значење има и здравјето на скалпот. Ова прекрасно масло помага за зајакнување на косата од коренот до врвот. Рицинусот е многу богат со омега-3 масни киселини, кои го негуваат и помагаат за задржување на влагата во влакното и кожата на главата.

Погусти веѓи и трепки

Некои луѓе страдаат од интензивно паѓање на влакната на веѓите и трепките. За да се справите со овој проблем, намачкајте ги со рицинус. Ова ќе помогне за задебелување и здрав изглед.

Тело

Олеснува запек

Рицинусот има лаксативен ефект. Тој помага за прочистување на дебелото црево и олеснувањето на работата на гастроинтестиналниот тракт. Користете една лажичка рицинус за 2-3 дена, но не подолго и ќе го почувствувате ефектот.

Болки во зглобовите и артритис

Рицинусот има смирувачки и анти-инфламаторен ефект. Соодветен е за директно нанесување врз погодените места.

Дали „крцкањето“ на зглобовите е опасно?

Промовира лимфна дренажа

Знаеме дека лимфната струја е прилично побавна од крвта. Така, во многу случаи може да има застој, кој ја отежнува работата на лимфните органи. Рицинусот помага на лимфата да се движи побрзо, што е важно за балансот во телото.