3 природни метода против стрии

Сподели со своите пријатели

Секоја жена ги мрази стриите. Тие се ужасни и ја упропастуваат убавината и кожата. Многу жени не сакаат да се соблечат по костим за капење заради нив. Други, пак, не се осмелуваат да облечат попредизвикувачка и откроена облека.

Во основата на овие напади се ужасните стрии. Што можеме да направиме за да ги отстраниме или намалиме? Постојат неколку начини на кои во домашни услови ќе ви помогнат во овој потфат!

Шеќер
Природниот бел шеќер е одличен начин да се ослободите од стриите. Тоа е добар пилинг, кој ја прави кожата мазна и убава. Измешајте 1 лажица суров шеќер со малку бадемово масло и неколку капки сок од лимон. Измешајте добро и втријте енергично во погодените делови од стрии. Триете внимателно во текот на неколку минути. Потоа исплакнете. По неколку недели процедури ќе видите дека стриите почнуваат да стануваат потенки и незабележливи.

Белковини

Белковините содржат природни протеини. Тие, заедно со аминокиселините во протеините, се моќно средство против стрии. Одвојте ги жолчките на едно јајце. Изматете со вилушка. Исчистете заболеното место на кожата и нанесете дебел слој од јајцето. Оставете да се исуши. Потоа исплакнете со ладна вода. Правете го ова во текот на неколку недели секој ден и ќе видите резултатите.

Сок од компир

Во компирите се содржат важни количества витамини и минерали. Тие ја стимулираат регенерацијата и обновата на кожата, како во горниот епидермален слој, така и во внатрешните слоеви. На овој начин кожата се обновува лесно и се негува здрав изглед.

Исечете два компири на дебели парчиња. Едното парче втријте го во стриите неколку минути. Тријте со концентрични кружни движења. Важно е скробот или белата супстанца видливо да остане во кожата.

Правете го ова со секое парче компир. Потоа оставете кожата да се исуши, а потоа измијте со млака вода. Практикувајте го ова секој ден до постигнување на ефект.