Брод на Емиратите потона на 48 километри од иранското пристаниште

Сподели со своите пријатели

Брод на Обединетите Арапски Емирати, кој превезувал автомобили, потонал на 48 километри од иранското пристаниште Асалује, јави иранската агенција ИРНА.

Loading...

ИРНА додава дека 30 членови на екипажот на бродот биле во водата со елеци за спасување и чекале спас од иранскиот брод, пренесува Ројтерс.

Според агенцијата Тасним, силните ветрови предизвикале бури во Заливот и го попречиле движењето на бродовите и поморските активности.