Брнабиќ: Харадинај фрла прашина во очите на ЕУ и САД

Сподели со своите пријатели

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ порача дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај се обидува да фрли прашина во очите на Европската унија и САД со наводен повик кон Белград за состанок на премиерите од Западен Балкан, кон почетокот на април во Приштина, како и дека чини се никогаш да не дојде до продолжувае на дијалогот.

Loading...

Ана Брнабиќ за Танјуг рекла дека не добила повик за состанок, кој, според зборовите на Харадинај, ќе биде одржан кон почетокот на април.

Додала дека Харадинај пред се треба да почне да го почитува Договорот за стабилизација и придржување кон ЦЕФТА договорот за укинување такси за стока од централна Србија и БиХ, а потоа да тргне конечно да го имплементира и договорот од Брисел, со тоа што ќе оформи ЗСО.

Премиерката вели дека се што прави Харадинај е со цел да ги дестабилизира односите меѓу Белград и Приштина и никогаш да не дојде до продолжување на диалогот.

Косовскиот премиер претхдно најави дека кон почетокот на април во приштина ќе биде одржан состанок на премиерите на земји од Западен Балкан.

Leave a Reply