Британски државјани загинале во Украина при хуманитарна евакуација

Сподели со своите пријатели

Британските државјани Крис Пари и Ендрју Багшо загинале за време на хуманитарна операција за евакуација во источна Украина, соопшти семејството на Пари, неколку недели откако беа пријавени за исчезнати.

Loading...

„Со голема тага мораме да објавиме дека нашиот сакан Криси беше убиен заедно со неговиот колега Ендрју Багшо за време на хуманитарна операција за евакуација од Соледар, во источна Украина“, се вели во соопштението на неговото семејство објавено од британското Министерство за надворешни работи, извести Ројтерс.

Додаваат дека неговата несебична определба да им помогне на старите, младите и ранливите го направила неговото семејство исклучително гордо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција испраќа хаубици Caesar во Украина

Руската група Вагнер претходно овој месец соопшти дека нејзините сили го пронашле телото на еден од двајцата Британци кои биле пријавени за исчезнати во источна Украина, на местото на тешките борби меѓу украинските и руските сили.

Украинската полиција соопшти дека двајцата го напуштиле градот Краматорск за градот Соледар на 6 јануари и биле пријавени за исчезнати следната вечер откако изгубиле контакт со нив.

Семејството не соопштува дополнителни детали за околностите на нивната смрт.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.