Британската инфлација скокна на 10,4 отсто, цените на храната пораснаа

Сподели со своите пријатели

Стапката на инфлација во Британија скокна на 10,1 отсто во февруари за прв пат по четири месеци, што ги изненади аналитичарите и го зголеми притисокот врз централната банка да ги зголеми каматните стапки на првиот состанок.

Loading...

Индексот на потрошувачките цени во февруари порасна на годишно ниво на 10,4 отсто во однос на 10,1 отсто претходниот месец, а високите цени на енергијата продолжија да вршат притисок врз буџетот на домаќинствата, објави денеска Националниот завод за статистика.

Иако економистите очекуваат цените да почнат да паѓаат наскоро, инфлацијата е пет пати поголема од целта на Банката на Англија за инфлација од два проценти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Најмногу поскапеа храната и безалкохолните пијалоци. Тие пораснаа со најбрза стапка во последните 45 години, велат аналитичарите.

Централната банка на утрешната седница ќе ја одмери потребата за контрола на инфлацијата поради загриженоста за влијанието на растот на каматните стапки врз банките кои се во неволја.

Централната банка одобри 10 последователни зголемувања на каматните стапки од декември 2021 година и ја зголеми основната каматна стапка на четири проценти.

Аналитичарот Мајкл Хјусон вели дека очекува Банката на Англија да ги зголеми стапките за најмалку четвртина процентен поен, велејќи дека основната стапка од четири проценти е едвај адекватна да влијае на зголемувањето на цените.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Британскиот министер за финансии Џереми Хант во изјава рече дека е можен пад на инфлацијата и дека владата треба да се држи до планот за преполовување на инфлацијата оваа година, пренесува Танјуг.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.