Британија: Зимата ќе донесе нови предизвици во украинскиот конфликт

Сподели со своите пријатели

Зимата ќе донесе промена во условите на конфликтот, вклучувајќи помалку офанзиви и повеќе статични одбранбени линии и поголем ризик од дефект на оружјето, тврди Министерството за одбрана на Белика Британија.

Loading...

„Промените во дневните часови, температурата и времето ќе претставуваат уникатни предизвици за борбените војници. Намалената дневна светлина ќе резултира со помалку офанзиви и повеќе статични одбранбени линии“, се вели во најновиот извештај на британското разузнавање.

„Како што се намалуваат температурите, силите без зимска облека и сместување најверојатно ќе претрпат повреди од студ, додаде Министерството.

„Зголемените врнежи, брзината на ветерот и снежните врнежи ќе претставуваат дополнителни предизвици за и онака нискиот морал на руските сили, а исто така ќе претставуваат проблеми за одржување на опремата. Основните вежби како чистење на оружјето мора да се прилагодат на условите и се зголемува ризикот од дефект на оружјето“, стои во извештајот.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.