Британија: Украинските сили во Бахмут под огромен притисок

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана денеска во својот редовен извештај објави дека украинските сили кои го бранат Бахмут се под огромен, растечки притисок од руските сили и истакна дека во самиот град и неговата околина се водат жестоки борби.

Loading...

Украина ја зајакнува одбраната на Бахмут со своите елитни единици, но редовната руска армија и единиците на Вагнер напредуваат во северната периферија на овој град, се вели во соопштението објавено на Твитер, пренесува Ројтерс.

Во последните 36 часа во Бахмут беа уништени два важни моста, од кои клучен за Украина е мостот кон Часово Јар, кој овозможи снабдување на нејзините единици, се додава во соопштението.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.