Британија: Руските сили не напредуваа во Северодонецк

Сподели со своите пријатели

Руските сили околу украинскиот Северодонецк во петокот не напредуваа кон јужниот дел на градот, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Loading...

„Во тек се интензивни улични борби и двете страни најверојатно ќе претрпат голем број жртви“, се вели во разузнавачкиот извештај објавен на Твитер од министерството, пренесува Ројтерс.

Украинскиот гувернер на областа Луганск, Серхи Хајдаи, вчера потврди дека во Северодоњецк, на истокот на Украина, се водат „жестоки улични борби“, јави Би-Би-Си.

„Го исцрпуваме непријателот“, нагласи Хајдаи на Телеграм, додавајќи дека украинските сили продолжуваат да ги контролираат централните делови на Луганск.