Британија: Руската воена вежба е претстава, нема да има 50.000 војници

Сподели со своите пријатели

Тешките борби продолжуваат во јужна Украина, вклучувајќи го и гранатирањето на областа Енергодар во близина на нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, соопшти британското Министерство за одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина.

Loading...

„И покрај војната во Украина, на 1 септември руската армија ја започна воената вежба „Восток 22“, годишна заедничка стратешка вежба, што ја означува кулминацијата на една година воена обука“, напиша Министерството на Твитер.

 

 

 

„Русија најави дека во неа ќе учествуваат 50.000 војници, но малку е веројатно дека ќе има повеќе од 15.000, што е околу 20 отсто од силите што учествуваа на последната вежба во 2018 година“, додава тој.

„Рускиот воен напредок во Украина покажа дека нејзините стратешки вежби, како што е Восток, не влијаат на способноста на војската да спроведува големи и сложени операции. Тоа е еден вид настап кој не поттикнува иницијатива и чија примарна цел е да ги импресионира руските лидери и меѓународната публика“, велат од Министерството.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...