Британија: Русите намерно сакаат да го уништат моралот на цивилите во Украина

Сподели со своите пријатели

Британското министерство во последниот извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина наведува дека Русија намерно се обидува да го уништи моралот на цивилното население во Украина.

Loading...

„Од 10 октомври Русија започна серија напади врз електроенергетската инфраструктура на Украина. До денес се забележани неколку бранови на такви напади. Најинтензивните неодамнешни напади се случија на 31 октомври, кога руските сили за прв пат нападнаа украинска хидроцентрала. Тие напади резултираа со значително уништување електрана и трафостаница“, се вели во извештајот.

„Цивилите најмногу ќе ги почувствуваат последиците“

„Во делови од земјата прекините на електричната енергија станаа рутина, особено во Киев. Со оглед на тоа што влијанието на овие напади не е конзистентно, способноста да се поправи штетата варира. Постојаната деградација на електричната мрежа поради руските удари најверојатно ќе имаат последици за приклучените системи за водоснабдување и греење, што најмногу ќе го почувствува цивилното население во текот на зимата, кога се зголемува побарувачката на енергенси“, наведуваат разузнавачите.

„Руските удари врз капацитетите за производство и пренос на електрична енергија имаат непропорционален ефект врз цивилите во Украина бидејќи имаат значително влијание врз работата на системите за греење и здравствена заштита. Постојаните напади врз критичната цивилна инфраструктура силно имплицираат дека Русија намерно се обидува да ги деморализира цивилите“ се заклучува во извештајот.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...