Британија: Нова руска копнена единица за Украина

Сподели со своите пријатели

Русија формираше нова голема формација на копнени сили за поддршка на нејзините операции во Украина, соопшти британското Министерство за одбрана.

Loading...

Оваа единица, наречена Третиот армиски корпус, е сместена во градот Мулино, источно од руската престолнина Москва, објави Министерството во дневниот разузнавачки билтен на Твитер, пренесува Ројтерс.

Во извештајот на разузнавањето, исто така, се додава дека руските команданти се уште се соочуваат со „конкурентни оперативни приоритети“, зајакнување на офанзивата во источниот украински регион Донбас, како и зајакнување на одбраната од контранапади на украинските сили на југот на земјата, наведува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри помош за Украина и Израел

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.