Британија: На мобилизираните Руси им даваат едвај употребливи пушки

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на военото разузнавање за ситуацијата во Украина.

Loading...

Во него тие наведуваат дека од средината на октомври Русија испратила илјадници мобилизирани резервисти на линијата на фронтот во Украина.

Во многу случаи, резервистите се слабо опремени, тврдат британските разузнавачи и додаваат дека уште во септември руските офицери биле загрижени бидејќи мобилизираните резервисти пристигнувале во Украина без оружје.

Посочуваат дека фотографиите од бојното поле покажуваат дека пушките што ги добиле мобилизираните резервисти се типични автомати од типот АКМ, кои се во употреба од 1959 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 20 Американци се водат како исчезнати во борбите во Украина

Многу од овие пушки веројатно се во едвај употреблива состојба поради лошото складирање, според британското разузнавање.

 

 

Loading...

Тие наведуваат друг проблем, а тоа е што пушките АКМ користат муниција со калибар 7,62 мм, додека повеќето редовни руски војници користат пушки АК-74М и АК-12, кои користат муниција од калибар 5,45 мм.

Интеграцијата на резервистите со единици составени од војници со договор и професионални единици значи дека руската логистика ќе мора да обезбеди два различни типа муниција за лично оружје, што најверојатно дополнително ќе ги комплицира веќе преоптоварените логистички системи, велат британските разузнавачи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 20 Американци се водат како исчезнати во борбите во Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.