Британија ја покани Северна Кореја на погребот на кралицата

Сподели со своите пријатели

Велика Британија поканува претставник на Северна Кореја да присуствува на погребот на кралицата Елизабета, но Авганистан, Сирија и Венецуела не се поканети, изјави извор од Министерството за надворешни работи.

Loading...

Поканата се однесува на амбасадорско ниво, вели изворот, пренесува Хина.

Погребот на кралицата ќе се одржи во понеделник во Лондон, а на него ќе присуствуваат бројни светски лидери, членови на кралски семејства и други високи гости.

Некои земји не се поканети

Сирија и Венецуела не беа поканети бидејќи Велика Британија во моментов нема дипломатски односи со нив, а Авганистан поради актуелната политичка ситуација, вели изворот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја истрела балистичка ракета

Така тие три земји се приклучуваат на Русија, Мјанмар и Белорусија, кои исто така не беа поканети.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.