Британија дава уште 750.000 фунти за нуклеарна безбедност во Украина

Сподели со своите пријатели

Обединетото Кралство денеска објави дека ќе обезбеди дополнителни 750.000 фунти (932.475 долари) за финансирање на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) и за поддршка на вмешаноста на МААЕ во нуклеарната безбедност во Украина.

Loading...

Украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, се снабдувала со вода за ладење на реакторите од акумулацијата Нова Каховка, која беше пробиена во вторникот, јавува Ројтерс.

МААЕ објави дека има доволно вода во резервоарот од кој се црпи вода за ладење на реакторот во СИ Запорожје за „следните неколку месеци“, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина