Бригадата на Југоисточна Европа со донација за Општа болница Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕБРИГ) кои се сместени во кумановската касарна „Боро Менков“ денеска донираа заштитна опрема за Општа болница Куманово, во пресрет на новогодишните и божиќни празници.

Loading...

 

 

Донацијата ја прими директорката Снежана Захариева која истакна дека во целиот период од почетокот на пандемијата имаат донации од физички и правни лица и се заблагодари за хуманиот гест на СЕБРИГ.

 

 

Loading...

– Мировниот корпус на НАТО кој што има некоја слична мисија како нас се бори за секој еден живот покажа солидарност со нас во пресрет на новогодишните празници како една желба за полесно справување со кризата со ковид 19. Гестот е исклучително хуман и е само пример дека во оваа битка не сме сами. Благодарност од мое лично име и од име на вработените во ЈЗУ Општа болница Куманово со желби да новогодишните и божиќните празници сите ги пречекаме во добро здравје, а на нив секако овде полесно ја поминат својата мисија и секако ги дочекаат новогодишните празници живи, здрави и во добро расположение, рече директорката Захариева.

 

 

Донацијата како што истакна командантот Аристедеис Илиопулос е во вредност од 100.000 денари и се состои од 2.000 заштитни маски. Тој им им ги честиташе претојстните празници на граѓаните на Куманово.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply