Бразилскиот претседател Лула денеска на операција

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска треба да биде подложен на операција за замена на колк.

Loading...

Операцијата привремено ќе ги стопира неговите чести патувања низ светот.

Се очекува Лула (77) да помине неколку дена во болницата Сирио Либанес во Бразилија, пред да се врати во претседателската палата на почетокот на следната недела.

„Операцијата на Лула не треба значително да влијае на процесот на донесување одлуки“, рече Пауло Калмон, професор по политички науки на Универзитетот во Бразилија.

Тој додаде дека Лула најверојатно и за време на опоравувањето ќе бара да биде информиран за се што се случува.

Лула е најстариот претседател во историјата на Бразил, а за време на изборната кампања минатата година често се шегуваше дека и покрај тоа што има повеќе од 70 години, има енергија на 30-годишник.