Бразил: Рации на федералната полиција, потрага по учесници во насилните протести

Сподели со своите пријатели

Федералната полиција на Бразил денеска започна рации и трага по луѓето кои учествуваа во немирите во Бразилија на 8 јануари, кога приврзаниците на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд.

Loading...

Според соопштението на полицијата, овие рации се за да се идентификуваат лицата кои ги финансирале и поттикнувале немирите, како и оние кои учествувале во нив, пренесува Ројтерс.

Десетици илјади приврзаници на Болсонаро ги нападнаа зградите на федералната влада и претседателската палата на 8 јануари, а бразилскиот претседател Лула Да Силва, кој не беше во Бразилија за време на немирите, го обвини Болсонаро за хаосот и најави дека сите вклучени во немирите би биле казнети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Болсонаро, кој исто така не бил во Бразил за време на инцидентите, моментално се наоѓа на Флорида.