Борел: Земјите од ЕУ се подготвени да испратат тешки тенкови во Украина

Сподели со своите пријатели

Европските земји се подготвени да испратат тенкови во Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, додавајќи дека се надева оти таа одлука ќе биде донесена наскоро.

Loading...

„Мислам дека на Украина ѝ треба офанзивното оружје и тешките тенкови што ги бараше. Некои од европските земји се подготвени да ги испратат“, изјави Борељ за новинарите во Мадрид, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека се надева оти наскоро ќе се донесе одлука.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.