Борел: Заедничка набавка на оружје од ЕУ за подобра и побрза поддршка на Украина

Сподели со своите пријатели

Денеска, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ треба да предложи начин за поддршка на Украина во снабдувањето со оружје и муниција на министрите за одбрана на Унијата, кои се состануваат во Стокхолм.

Loading...

„Денес имаме важни одлуки на маса што треба да се донесат, денес не формално, туку политички. Ќе дадеме насоки за следниот (заеднички) состанок со министрите за надворешни работи. Прашањето е како подобро, побрзо да ја поддржиме Украина“, изјави Борел пред средбата.

Тој подвлече дека војната сѐ уште беснее и дека на Украина ѝ треба повеќе муниција, па министрите ќе разговараат како да ја обезбедат.

Предлогот на Борел е подготвен заедно со Европската служба за надворешни работи, Европската агенција за одбрана и Европската комисија.

„Прво, брзо да се обезбеди муниција од постоечките залихи. Зборуваме за недели, така што треба да го искористиме она што веќе го имаме. Она што европските армии веќе го имаат во своите залихи и во договорите што ги пренесоа на индустријата. Второ, да бараме повеќе „заедништво“: заеднички набавки на сите армии, да работиме заедно за да обезбедиме дел од оваа заедничка набавка на Украина, на среден рок“, вели тој.

Министрите ќе разговараат и за долгорочна поддршка за Украина и како да се зголеми одбранбениот капацитет на индустријата на ЕУ.

„Не можеме сериозно да зборуваме за нашиот капацитет за автономна стратешка одговорност ако немаме доволно одбранбен капацитет во нашата индустрија. И работиме на тоа заедно со Комисијата и ќе видиме како можеме да го зголемиме овој капацитет“, најави Борељ.

На новинарско прашање да одговори на тврдењата дека нападот на Северен тек 2 го извршила проукраинска група, Борел вели дека не може да коментира работи за кои нема „јасни докази и информации“.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.