Борел: Војната на Русија против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Сподели со своите пријатели

Војната на Русија против Украина претставува егзистенцијална закана за целата Европска унија и ја принуди Унијата да ја стави одбраната во центарот на сопствената безбедносна политика, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

Loading...

„Во време кога американското учество во Европа станува сè помалку сигурно, оваа војна претставува егзистенцијална закана за ЕУ“, рече Борел во блог на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи, по повод објавувањето на неговата книга „Европа меѓу две војни“.

Тој оцени дека е потребна промена на парадигмата во европската одбрана, истакнувајќи дека Европа предолго ја делегираше својата безбедност на САД и дозволи „тивко разоружување“ во последните 30 години, по падот на Берлинскиот ѕид.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: „Русите интензивно напаѓаат кон Бахмут и Авдиивка, вчера забележани 115 напади“

„Ако Путин успее да ја уништи независноста на Украина, тој нема да застане тука. Ако победи и покрај очигледната поддршка што ЕУ и САД и ја даваат на Украина, тоа ќе испрати опасен сигнал за нашата способност да се залагаме за она во што веруваме“, додаде тој.

Одбранбена компетентност на членовите

Според него, ЕУ мора да прифати стратешка одговорност и да стекне способност да се брани преку градење силен европски столб во рамките на НАТО.

„И ние мораме да го направиме овој пробив за многу краток временски период. Не затоа што одиме во војна, напротив: сакаме да ja спречиме со добивање средства за сигурно одвраќање на секој агресор“, нагласи Борел и додаде дека таквите напори не значат желба да се создаде некаква европска армија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Може ли ЕУ воопшто да си дозволи членство на Украина?

Одбраната, како што вели, во догледно време ќе остане исклучива надлежност на земјите-членки на ЕУ, но ваквата промена на парадигмата подразбира зголемување на трошоците за одбрана на национално ниво за секоја од земјите на ЕУ на најмалку два отсто од БДП.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...