Борел: Украина одлучува кога ќе преговара со Русија

Сподели со своите пријатели

На Украина е да одлучи кога ќе стапи во преговори со Русија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, коментирајќи ги шпекулациите дека Западот може да го охрабри Киев да започне преговори со Москва.

Loading...

„Украина сама ќе одлучи што да прави. Наша должност е да ги поддржиме“, рече Борељ по пристигнувањето во Брисел на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, пренесе Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.