Борел: Украина, одбраната на ЕУ и ситуацијата во Црвеното Море се теми на состанокот во Брисел

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел денеска објави дека воената поддршка на Европската унија (ЕУ) за Украина, зајакнувањето на одбранбената индустрија на ЕУ, како и безбедносните предизвици во Црвеното Море, Сахел и Гвинеја, ќе бидат главните теми на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.

Loading...

Тој го напиша на платформата Х и рече дека тоа ќе бидат трите главни работи на денешната агенда.

Пред почетокот на состанокот, тој им рече на новинарите дека мора да се покаже дека јасната посветеност на ЕУ за Украина останува и ќе продолжи, додавајќи дека е важно да се разјасни ситуацијата и „да се погледне каде сме сега, каде ќе бидеме до март и до крајот на годината“, пренесува Ројтерс.

Борел се надева дека на денешната средба ќе биде донесена одлука која земја-членка би можела да ја предводи претстојната мисија на ЕУ за заштита на бродовите во Црвеното Море.

„Мораме да одлучиме која земја ќе ја преземе командата, каде ќе се наоѓа седиштето и кои средства ќе ги обезбеди морнарицата на земјите-членки“, рече Борељ.

Тој додава дека операцијата би можела да биде покрената кон средината на следниот месец.

„Не сите земји-членки ќе бидат подготвени да учествуваат, но никој нема да биде против. Се надевам дека на 17 (февруари) мисијата ќе биде лансирана“, рече Борел, додавајќи дека операцијата ќе се вика „Aspires“ што значи „заштитник“.