Борел: Русија да дозволи поправка на нуклеарната централа Запорожје

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика, Јосеп Борељ, во петокот ја повика Русија да дозволи поправка на нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина.

Loading...

„Ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје сè уште е крајно загрижувачка“, објави Јосеп Борељ на Твитер.

Тој ја повика Русија да „обезбеди непречена поправка на оштетените далноводи и повторно поврзување со украинската електрична мрежа“ и „конечно“ да им дозволи на експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да влезат во објектот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин утре ќе ги анексира окупираните територии

Во четвртокот, Запорожје беше привремено исклучен од електричната мрежа на Украина, откако последниот преостанат далновод се запали поради гранатирање.

Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ објави дека снабдувањето со електрична енергија од објектот е обновено во петокот.

Руските сили го зазедоа клучниот објект веднаш по почетокот на војната во Украина на 24 февруари.

Оттогаш, меѓународната заедница, вклучително и Европската унија, Обединетите нации и САД, ја предупреди Москва да не ја користи централата како штит во нападите врз Украина и да престане да ги прекршува правилата за нуклеарна безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан сака да ги спречи досега најсилните европски санкции против Русија

Зпорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа, која произведува околу 20 отсто од електричната енергија потребна на Украина.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.