Борел: Белград и Приштина на работ на нова криза

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ Јозеп Борел утринава изјави дека Белград и Приштина се „на работ на нова криза“ и порача дека е неопходно да се излезе од кризната логика и да се свртиме кон барање решенија.

Loading...

Борељ, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, потсети дека на 11 ноември се сретнал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на приштинските привремени институции, Албин Курти, во Париз и изјавил дека таму „беше презентиран предлог за кој треба да се разговара како добар начин за излез од оваа ситуација“.

Борел ги повика двете страни да ги исполнат своите обврски и да ги спроведат договорите потпишани пред неколку години.