Борел: Апелираме Иран да ги овозможи граѓанските права

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека граѓаните на Иран, како и секаде на друго место, имаат право на мирни протести и дека ова право мора да се обезбеди во сите околности.

Loading...

„Во текот на изминатата недела, по злоупотребата на девојчето Махса Амини од страна на полицијата за морал и нејзината смрт во притвор, мажите и жените низ Иран го потврдија своето основно право да се собираат и да протестираат. Зголемениот број на извештаи укажуваат дека одговорот на иранските безбедносни сили на демонстрациите беше прекумерен и резултираше со загуба на животи, како и голем број повредени“, рече Борел во изјавата објавена на веб-страницата на Советот на Европа.

Одлуката на иранските власти да го ограничат пристапот до интернет и да го блокираат испраќањето пораки, додава Борел, е дополнителна причина за загриженост, бидејќи јасно ја нарушува слободата на изразување.

„За ЕУ и нејзините членки, широката и прекумерна употреба на сила против ненасилните демонстранти е неоправдана и неприфатлива. Луѓето во Иран, како и секаде во светот, имаат право на мирни протести“, рече Борељ, пренесе Танјуг.

Шефот на дипломатијата на ЕУ наведува дека европскиот блок апелира до иранските власти строго да се придржуваат до Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, чиј член е Иран.

„Затоа, очекуваме Иран веднаш да престане со насилното задушување на протестите и да обезбеди пристап до интернет и слободен проток на информации. Освен тоа, очекуваме Техеран да го објави бројот на загинати и уапсени, да ги ослободи сите ненасилни демонстранти и да дозволи фер судење за приведените. Убиството на Махса Амини мора темелно да се истражи и одговорните за нејзината смрт мора да бидат казнети“, додаде Борел.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.