Борци, поранешни градоначалници и ТППЕ на прием кај Дамјановски (фото)

Сподели со своите пријатели

По повод 11 Ноември – Ден на ослободување на Куманово и прославата на 71 – годишнина од ослободувањето од фашизмот, денес на традиционален прием кај градоначалникот Зоран Дамјановски беа борците од НОБ, поранешните градоначалници како и претставници од ТППЕ Куманово.

Loading...

DSC_0342

Поранешните градоначалници Слободан Ковачевски, Бајрам Сулејмани и Благе Кипријановски на градоначалникот и борците им посакаа среќен празник и уште многу години слободно Куманово.

DSC_0348

Дамјановски во оваа прилика се наврати на немилите настани од 9 и 10 мај кои сериозно се заканија да го нарушат мирот во градот, како и бегалската криза која во моментот се одвива во цела Европа, но и на преминот во с. Табановце што географски припаѓа на Општина Куманово.

DSC_0341

На приемот присуствуваше и претставник од ТППЕ Куманово.

DSC_0347

Loading...

Спирко Зафировски од ОО на Сојуз на борци од Куманово денес пред присутните се наврати на борбите за ослободување на градот, истакнувајќи дека партизаните започнале акција за ослободување на 1 ноември, при што вечертта на 10 ноември, окупаторските сили почнале повлекување кон стариот пат за Врање и Спомен Костурница.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.