Болсонаро: Ако загубам на претседателските избори, ќе се пензионирам

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека ќе се повлече од политиката доколку не биде реизбран на претстојните избори во октомври, а анкетите покажуваат дека тој заостанува зад својот ривал.

Loading...

„Ако е Божја волја, јас ќе продолжам да бидам претседател. Ако не, ќе ја предадам претседателската лента и ќе се пензионирам“, рече Болсонаро во интервју за подкастот Млади евангелистички христијани.

Претседателот, кој има 67 години, изјави дека на оваа возраст нема што да прави доколку неговото политичко патување заврши на 31 декември, што е последниот ден од неговиот мандат, пренесува Срна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Канаѓанец починал на одмор во Куба. На семејството му испратиле погрешно тело

Ова претставува промена во тонот на десничарскиот Болсонаро, кој претходно рече дека изборите би можеле да имаат еден од трите исходи за него: „затвор, смрт или победа“.

Болсонаро во последно време испраќа поумерени пораки додека се обидува да го намали водството во анкетите што го има поранешниот претседател, левичарот Лула да Силва.

Изборите се закажани за 2 октомври.

Болсонаро рече дека жали што кажал во 2020 година дека не може да стори ништо за зголемениот број на смртни случаи во Бразил од Ковид-19, бидејќи тој „не бил гробар“.