Болно: Дома чува 3.700 ножеви, сатанистички реквизити и пилешки коски (видео)

Сподели со своите пријатели

Полицајците до домот на оваа 47-годишна жена од Флорида пристигнале, бидејќи таа ја прекршила условната слобода. Кога се појавиле на нејзините врата, таа еден од полицајците го нападнала со мачета.

Loading...

Американската полиција ја уапсила Никол Дајкем од Флорида, поради поседување на 3.714 ножеви, мачети и друг вид на ладно оружје.

Она што ги запрепастило полициските службеници е колекцијата на ладно оружје која го чувала во својот дом, бидејќи од плафонот и ѕидовите на нејзиниот дом виселе најразлични ножеви.

Нејзината куќа изгледала како „куќа на стравот“. Во неа имало и сатанистички симболи и реквизити, како и голем број черепи и пилешки коски.

Таа околу куќата имала поставено поголем број на стапици.